Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и два месеци по фамозниот случај “Теретана” во која главна улога игра лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, сè уште верува или сака да верува во “отсјајот” на рацете на бодигардите кои го придружуваат Мицкоски на снимката во теретаната.

Иако имаше серија настани и гафови по кои ќе го памети јавноста, Чулев засекогаш ќе остане запаметен по тврдењето дека снимката од теретана е стара и не е од овој период, а толкувањето зошто се гледаат хируршки ракаваци на рацете на сите присутни во теретаната го објасни како отсјај на рацете на ликовите од снимката.

И ако после два месеци некој очекуваше дека Чулев ќе ретерира од тој неверојатен став или барем ќе се обиде да се воздржи од други нелогични продолженија на приказната, Чулев во вчерашното интервју на Канал 5 телевизија гордо потврди дека отсјајот сепак тоа што се гледа на рацете на присутните во теретаната бил отсјај затоа што така било напишано во извештајот од внатрешната комисија.

Еднаш отсјај, засекогаш отсјај!