Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ освен што се однесува деструктивно за целото време на пандемијата во земјава, и во пракса, како поединец, не ги почитува препораките и советите од стручните лица.

Мицкоски цело време ја лажеше јавноста дека здравството нема тестови за корона, дека стотици илјади работници останале без работа, а паралелно одеше во теретана во време на забрана. Но, сега гледаме и дека неговите гестикулативни постапки се во спротивност на медицинските совети и препораки. Додека на пресови ја убедува јавноста дека тој и неговата партија се свесни и одговорни, без маска, со голи раце си чепка делови од лицето, нешто за што здравствените експерти предупредија повеќе пати.

„Самоутепание на Мицкоски: Како тоа сите сме свесни и одговорни? Па, еве, ти ниту си свесен, ниту си одговорен. Како ќе се бориш – со одење во теретана или со чепкање на носот или со лизнување на прстите? Бруки.“ – реагира јавноста.