Откако стана претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, чести беа ситуациите во кои јавноста можеше да ја види политичката кусогледост и аматеризам на Христијан Мицкоски.

Како што минуваа изборните циклуси, како се редеа неговите порази стануваше сé појасно дека Мицкоски нема капацитет да води политичка партија и дека неговиот мандат во белиот дворец е привремен, минат во надеж дека еден ден неговиот ментор од Будимпешта ќе дојде во Скопје и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Но последнава недела дури и на оние најоптимистите кога капацитетите на Мицкоски се во прашање им стана јасно дека неговиот политички компас покажува единствено на оската Будимпешта – Машински факултет.

Во еден ист ден Мицкоски изјави дека сега не е време за предвремени локални избори во Штип и Пласница, за веднаш потоа, во следната реченица да побара предвремени парламентарни избори кои би ги организирала таканаречена Влада за национален спас.

Наводно загрижен за здравјето на граѓаните, ваквите ставови Мицкоски ги испорача помеѓу два собира на ВМРО-ДПМНЕ на кои се кршат сите мерки за заштита од коронавирусот и на кои во последно време ниту самиот не се појавува и меѓу два партиски состаноци на кои неговите пулени одржуваат средби прегрнати од дваесеттина членови и членки на одредени општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата колумна на Бранислав Ѓорѓевски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.