НАТО е завршена приказна, доволно ли е за безбеден опстој на земјава, зашто Алијансата не е гаранција за нејзините внатрешни состојби?

– Лесно е да се каже завршена приказна. Крв проплукавме да биде така. Дел од политичката елита во Македонија сеир гледаа и држеа „ручна“ на тоа прашање, загледани во Русија и Србија. За нас НАТО ни е вазна однатре за релаксација на меѓуетничките односи, а не само однадвор, за „одбрана од напад“. Трето, НАТО внесува структура на организација која влијае врз државата да се самоорганизира според стандарди и, конечно, внесува намалување на ризикот за економски инвестиции. Значи, тоа е ЈАКА ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА, вели професорот Љубомир Фрчоски во интервју за Слободен печат.