Ова на фотографииве со оние ликови од време грујово, во формација ГДОМ, ви е Тимчо Муцунски, некогашен заменик министер за информатичко општество во Владата на Никола Груевски. Е, тој бил НОВ КАДАР на Мицета Сосе грујовите Милошоски, Кендо, Николоски, Дурло, Дафина, Багзи, Рашел…

Дечково е втор на листа по професорица Гордана Силјановска во ИЕ 1 , која го опфаќа половина Скопје. И вечерва, пред Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за К5, околу листите, изјави – ,,Немаме политичари од транзицијата”.
Баш потценуваш, маци, јавност. Онака јавноста изгледа ја поимаш ко пластелинче со кое можеш да си играш.

,,Немаат”, да, транзициони… ама само ако човек се начука и се нафикса, е тогаш стварно нема да ги види јавноста грујовите војничиња
Него, бебево гдомовско грујово од Берово, кое не ,,трча” во своја единица во Источна Македонија, пошто можда нема да го гласаат, туку се ,,шлепа” втор во скопски ,,кец”, имало три годинки и цуцало цицка, кога Гога Силјаница беше транзициона министерка и ,,тресеше” со маж и` фри шопови. И така некако не знаеме како се збогати.

Ај, уште еднаш Тимче, откако ќе се ,,дефибрилизираш” и ќе престанеш да глуматаш…имате или немате транзициони политичари на листа? Силјаница е нова, со хлор ја исчистивте!?
И дај кажи како магистрираше во време грујово, па стана демонстратор на Правен, па асистент…тоа кажи. Доста глумиш детенце ко некоја ,,пипи долга чорапа” со ,,киките”, а си всушност грујовистичка инсталација.

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци