Мегаломанијак не може да биде демократ. Оваа особина кај оние што претендираат да бидат лидери треба навремено да биде препознаена за да не се дозволи вакви луѓе да се дограбат до власт и моќ.

Желба за моќ

Во основа, (не)природно силната желба за моќ и власт се јавува кај многу владетели. Кај некои постои скриена во нив и тлее, а кај други се јавува по долго владеење. Кај тие што се јавува по долго владеење во суштина е маска за стравот за тоа што ќе се случи со нив доколку ја немаат таа моќ или власт за која сметаат дека природно им припаѓа.

Мегаломанијак не може да биде демократ. Ниту пак треба да биде лидер или владетел. Оваа особина кај оние што претендираат да бидат лидери треба навремено да биде препознаена за да не се дозволи вакви луѓе да се дограбат до власт и моќ. Затоа што потоа многу тешко можеме да се ослободиме од нив. Ретко кој сака да се откаже доброволно од моќта и власта, па затоа се измислени изборите. Доколку изборите се фер и демократски тогаш тој што ќе загуби си заминува и ја предава власта и моќта на некој кој ќе дојде по него. Но доколку изборите не се демократски или доколку владетелот нема демократски капацитет тогаш власта не ја дава и од моќта не сака да се ослободи затоа што има неприродно силна желба за моќ (власт) и затоа што смета дека е поважен и посилен од тоа што навистина е. Ова значи дека тој што нема демократски капацитет во основа е мегаломанијак.

Никој не сака лузери

Еврокомесарот Фил Хоган минатата среда си поднесе оставка на функцијата откако стана јасно дека не ги почитувал протоколите за заштита од коронавирусот кога присуствувал на настан на некое друштво за голф. Човекот има демократски капацитет, не смета дека моќта природно му припаѓа и не е мегаломанијак. Замислете, Г-дин Хоган наместо да поднесеше оставка да кажеше дека протоколите често се менувале и дека не знаел дека постои таква забрана, па да ги повикаше своите пријатели од полицијата кои воедно му се партиски подредени за заедно да прикријат дека тој навистина присуствувал на настанот. Да беше Г-дин Хоган мегаломанијак ќе го стореше тоа, но човекот има демократски капацитет па си поднесе оставка. Затоа и претседателката Фон дер Лајен изјави дека го почитува тоа.

После мојата претпоследна колумна насловена „Бели марамчиња за селекторот“ Барселона загуби катастрофално од Баерн Минхен. Тренерот Сетиен не доживеа навивачите на клубот за време на натпреварот помеѓу публиката да извадат бели марамчиња од проста причина што поради короната нема публика на стадионите. По натпреварот тренерот истакна дека сите што бараат негова смена одработуваат за Баерн Минхен и тоа е причината што загубиле. Се шегувам, на никој сериозен не би му текнала ваква будалаштина, а најмалку на управата на Барса која одлучи да го смени тренерот Сантиен и на негово место дојде тренер кој ќе победува. Никој не сака да губи и во светот никој не толерира лузерство.

Целата колумна на Никола Тодоров за Дојче веле на следниот ЛИНК.