Го забележавте ли тој радикален пресврт на Али Ахмети и ДУИ, го забележувате ли тој феномен што се отсликува во метафората „јас ќе бидам премиер“? Ја забележувате ли таа стилска фигура која треба да ни предизвика одбојност, одвратност, можеби и гадење (?), затоа што длабоко во себе знаете дека „картата на национализам“, барем засега, е поништена и избришана во оваа земја. Знаете дека повеќе не е возможно со националистички призвук да се мобилизира членство и да се подгреваат најсомнителните етнички страсти во едно општество. Мислам, може, брате, кој ти брани, ама тоа не е својствено за земја што треба да создава мир и добрососедство и да си го трасира својот пат кон Европа.

Што сака да ни каже Ахмети со „јас ќе бидам премиер“: граѓаните да бидат спокојни, ја кренавме на повисоко ниво борбената готовност? Па со таква глупава реторика ти не можеш ништо друго да предизвикаш, освен да ги вознемириш граѓаните, оти кога се подигнува реториката, кога се ловат гласови на етничност како посебен ентитет, во случајот со Ахмети (затоа што не постои „неетнички национализам“! – национализмот секогаш имплицитно е етнички), пристоен човек сфаќа дека нешто сериозно не е во ред.

Од друга страна, ти со таа глупава метафора сакаш да кажеш дека Македонците не се фер, не се другари, баш се безобразни, не ми даваат да бидам премиер, а јас сакам-па-сакам. Па уште вели, ќе бил премиер на сите граѓани, така вели Ахмети, раката да ми се исуши ако лажам. Пресмешно и прелудо.

Мислам, луѓе драги, оваа изјава на Ахмети е страшно скандалозна, претенциозна, одвратна. А малку буди и цинична насмевка. Ахмети ја води нарацијата на изјавата која го разбира тоа ниво… Артан Груби, пак, ја држи фронталната линија на изјавата, веројатно тој човек е гуру на Ахмети или што, веројатно така процениле дека тој е најпаметниот меѓу нив? Сигурно си велат, добро, името го реши Заев, нѐ внесе во НАТО, па сега што ни остана „време е за албански премиер“!?

Обидете се сега, почитувани читатели, да ја сведете оваа нарација „јас сакам да бидам премиер“ на ниво на обичен граѓанин? Па таквиот ќе се „тресне“ во првата бандера, а од таквиот удар никогаш повеќе нема да закрепне.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.