Сега е веќе јасно дека наскоро ќе биде укината вонредната состојба. Но од ова што ни се случуваше треба да изведат поука творците на Уставот.
Џафери искористи правна празнина и не го свика Собранието со што е создадена потенцијално мошне опасна состојба.
Уставот на Албанија предвидува во случај на вонредна состојба распуштеното Собрание по автоматизам се свикува и ја продолжува својата работа.
Уставот на Бугарија предвидува во услови на вонредна состојба Собранието може да го свика Претседателот на Собранието,Претседателот на државата, Владата или една петина од пратениците.
Тоа се механизми за одбрана од можно воведување диктатура во услови на вонредна состојба.
Ако е точно тврдењето на Џафери дека Претседателот на државата има право да ја продолжува вонредната состојба неограничен број пати а тој и во такви услови нема да го свика распуштеното Собрание се поставува прашањето што може да ни се случи во услови на режим каков што беше на Груевски.
Можеше Иванов пред конституираното ново Собрание,заради протестите и мигрантите да прогласи вонредна состојба и да ја продолжува неограничено а владата на Груевски со право да носи акти со законска сила да донесе акт за забрана на делување на политичките партии.
Така “во согласност со правните празнини на Уставот”ќе влезевме во диктатура.
Џафери тогаш да ги советуваше Иванов и Груевски сега немаше да биде претседател на Собранието а Груевски може би уште ќе беше Премиер.
Оттука треба добро да се промислуваат можните последици од такви толкувања и однесувања во иднина и на време да се оневозможуваат.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов