Политиката, онаа сериозната, не трпи аматерски потези.
Лажните и помпезни најави за формирање на некакво ново парламентарно мнозинство, кои првенствено служеа за внатрепартиски и претконгресни цели, завршија како и што се очекуваше- крајно неславно.
По ваков дебакл на отворена сцена, на опозицијата и’ преостанува само една работа- под итно да пронајде нов лидер. Тоа не само што е основен предуслов за да добиеме посилна и посериозна опозициска партија која ќе води вистинска државна политика, туку ќе значи и поголема контрола врз работата на парламентарното мнозинство, односно врз работата на извршната власт.
ФБ статус на Андреј Жерновски