Со брзата изградба на експресниот пат Штип-Радовиш го градиме забрзано и југоисточниот дел и продолжуваме да ја поврзуваме нашата земја, интензивно без посебно влијание на вонредната состојба заради коронавирусот, порача денес премиерот Оливер Спасовски кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, извршија увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Радовиш

Можам да констатирам дека изградбата на експресниот пат се одвива со одлично, забрзано темпо и се очекува да биде завршена и пред крајниот рок предвиден за април 2021 година.

Втората фаза од изградбата на експресниот пат опфаќа реконструкција на две под делници, од Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш во должина од 16.87 км и во тек се подготвителните работи на трасата.

Со овие и со интензивните работи на експресниот пат Штип – Кочани овозможуваме побрз транспорт на стоки, услуги, добра и луѓе, со што директно влијаеме врз развојот на економијата и придонесуваме за рамномерен регионален развој, порачаа надлежните.