Министерството за земјоделство повторно излегува во пресрет на барањата на земјоделците и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за поддршка на пченица и јачмен кои се прифатени од земјоделците и во интерес на земјоделците. Вака подготвените мерки, како министрество, ќе ги доставивме како предлог до Владата за усвојување, вели министерот Љупчо Николовски.

-Предлагаме дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица кај регистриани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

Во Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

Се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство.
Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.

Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал, објави на својот Facebook профил министерот.