Поддршка за најпогодените – компаниите и граѓаните!, посочи Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.

„Државата е тука да помогне кога е навистина најтешко за заеднички да го поминеме овој период на криза во светски рамки.
На денешната владина седница го донесовме новиот четврти пакет економски мерки за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД 19.
Во новиот четврти пакет се содржани 31 мерка за помош на работниците, компаниите, социјално-ранливите категории на граѓани, пензионерите, учениците, студентите, туризмот и угостителство.
Вкупната вредност на овој пакет мерки е 470 милиони евра, или заедно со претходните три пакета, поддршката изнесува над 1 милијарда евра“, истакна Николовски.

„Во прилог дел од усвоените мерки –
✅Продолжува поддршката за исплата на плати до крајот на годината, која ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари. Ќе се поддржат 250.000 работни места со 70 милиони евра;
✅Платежни картички од 6.000 денари за ранливи категории на граѓани во вредност од 27,6 милиони евра;
✅Дополнителни 3 месеци грејс-период за бескаматните кредити од Ковид 1 преку Развојната банка на Северна Македонија;
✅Доплнителни 100 милиони евра за евтини кредити преку Развојната банка на Северна Македонија;
✅Бруто –плата од 21.776 денари за 150 регистрирани туристички водичи;
✅Враќање на платена туристичка такса за 2019 година на 4.700 субјекти во вкупна вредност од 2 милиони евра;
✅Грантови од 3.000 до 7.000 евра за туристичките агенции;
✅Грантови од 3.000 до 10.000 евра за регистрирани ресторани за свадби;
✅Грантови од 1.000 до 5.000 евра за игротеки за деца;
✅Продолжување на лиценците за работа на дискотеки, ноќни клубови, транспотери;
✅Намалување на ДДВ на занаетчиски услуги од 18% на 5%;
✅10% на ДДВ за ресторантски и услуги за служење на храна и пијалоци;
✅Ослободување од ДДВ за донации до крај на 2021 година;
✅Викенд без ДДВ за домашни производи и ИТ опрема (10,11,12 октомври);
✅Државна гаранција за кредити и Царинска гаранција за царински долг;
✅Преполовена казнена камата за јавни давачки до крај на 2021;
✅Признавање на расходите за приватно здравствено осигурување за вработени и за тестови за Ковид 19;
✅Доплнително одложување на отплатата на кредити за компаниите;
✅Автономни мерки за укинување на увозни давачки за одредени суровини;
✅Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња“, потенцираше Николовски.