Дваесет и осумгодишна девојка од Гевгелија е тешко повредена во сообраќајна несреќа кога автомобилот во кој се превезувала излетал од патот.

Според информациите од полицијата, возилото го управувал Б. Н. (56) од Гевгелија, а несреќата се случила на регионалниот пат село Николиќ – Нов Дојран.

„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката В. Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија“, велат од МВР.

Извршен бил увид.