Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 ТВ, економскиот советник во техничката влада на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, даде свое видување за вториот сет мерки, односно ја објасни оправданоста, таргетираноста и опфатноста на овие мерки чија цел е ублажување на економските последици кои несомнено ќе се јават како резултат на здравствената криза предизвикана од светската пандемија со коронавирусот.

“Мерките како такви се дискутирани од страна на поголема група, а тоа е Економскиот совет, и искрено морам да признаам дека по првпат во историјата на нашата држава гледаме еден економски совет со таков состав затоа што е креирано тело кое ги консултира сите страни, без разлика дали се опозициски експерти или лица кои застапуваат различни ентитети.

Вториот сет на економски мерки јас би го поделил во два дела: едниот дел е поддршката за зачувување на работните места и поддршка во ликвидноста на компаниите и јас не би сакал да звучи дека сетот на мерки кој е за задржување на работните места се однесува само на компании коишто ќе бидат помогнати да ги задржат работните места, туку и за лицата кои секако ќе ги загубат работните места заради различни околности предизвикани од пандемијата. Но, мерката оди дури и подалеку за тие кои ќе ги изгубат работните места, а не биле дел од формалната екномија и нив некако по првпат ги институционализараме со одредена поддршка.” – објасни Битиќи.

Во однос на критките на опозицијата и дел од коморите дали овие мерки се доволни и дали можело да се направи повеќе, Битиќи со одговор:

“Можеме да дсискутираме дали е ова доволно или не, но треба да бидеме искрени дека вториот сет на мерки, односно овие 200 милиона евра претставуваат 2% од сегашниот бруто домашен производ. Затоа сметаме дека оваа интервенција е сосема доволна во овој момент. Нови сетови ќе има и понатака согласно индикаторите кои ќе се појавуваат согласно прогресијата на здравствената криза.

Да не го занемариме и првиот сет на мерки кој се однесуваше на четирите сектори кои беа директно на удар заради забраната која дојде со владината одлука, а тоа беа:  угостителство, хотелиерство, транспорт и туризам.

Ова се мерки за сите компании, од 96 шифри на дејност согласно начинот како се распределуваат средствата, односно зададените критериуми, во суштина 87% од компаниите се подобни за да ги искористат истите мерки, односно 84 шифри на дејност. Само со една мерка, субвенционирање на плата од 14 500, се таргетираат 250 000 работни места.” – заклучи Битиќи.