Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори на 15 јули, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен, преку социјалните мережи и традиционалните медиуми.

На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.

Кандидатот на ДУИ за  премиер Насер Зибери, денеска во Гостивар заедно со кандидатите за пратеници  ќе ја презентира иницијатива за еднаква економија во приватниот сектор, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.