Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.И.(69) од село Пирковци, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.01.2024 во село Пирковци, пријавениот го пуштил своето куче без надзор и маска, кое подоцна ја нападнало и каснало Ј.А.(59) од истото село.