Поранешната потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска пред вечерашната седница на Централниот одбор, изјави дека сите партиски членови во моментов се потребни, како и дека вратите на партијата се отворени за нив.

„Денеска ќе избереме потпретседатели, Извршен одбор. Ќе има профили на луѓе од различни сфери на општеството кои секако се добро познати на јавноста. Обединувачкиот момент е тој кој што ќе биде главен предзнак на целиот состав на Централниот одбор и сметам дека со освежен и унапреден и силно оперативен тим ќе постигнеме следни резултати“, рече Лукаревска пред седиштето на партијата.

Лукаревска најави дека ќе се формира посебно тело кое ќе се занимава со креирањата на нови политики, ставови и анализи.