Ја имаме најдобрата понуда за Куманово, човек секогаш достапен за граѓаните и во нивна служба, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Со Оливер Илиевски, кумановчани се на чисто, знаат дека ќе го добијат Најдоброто за Куманово!
Инвестираме во квалитетни и развојни проекти, градиме општина со модерна патна и комунална инфраструктура, екологијата и одржливиот развој се на прво место. Куманово заслужува развој, тоа го гарантираат проектите на Оливер:
-Проект „Мој еколог“ за чиста животна средина.
-Поврзување на улицата „Октомвриска револуција“ со автопатот.
-Изградба на градинки во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо.
-Изградба на 3 катни гаражи во јадрото на Куманово.
На 17-ти октомрви победуваме со Најдоброто за Куманово, со Оливер Илиевски, чесен, искрен, човек од доверба!“, посочи Николовски.