Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски упати честитка по повод Светскиот ден на учителите, нагласувајќи дека пред нив годинава има многу предизвици.

„Денес е светскиот ден на учителите. Луѓето кои играат голема улога во нашите животи со начинот на кој нè изградиле, како во образованието, така и во секојдневниот живот. Ова продолжува да биде година во која учителите се исправени пред многу предизвици. Но, мора да останат свесни за важната улога која ја имаат.“ – пишува Николовски.

„Учители, без разлика на сите промени, ништо не може да е замена за придонесот кој го давате кон општествениот развој со квалитетно образование на младите. Ве поздравуваме и ви го честитаме светскиот ден на учителите.“ – порача Николовски.