Вечерва е регистриран земјотрес на територија на Грција со јачина од 2,8 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот e во општина Суровичево, во близина на Лерин, на длабочина од 2км.

Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија.

Веќе неколку дена се тресе тлото кај Лерин, а последиците од првиот, најсилниот од 5,3 степени по Рихтер го почуствуваа битолчани.