Академик Катица Ќулавкова во текот на вчерашниот ден (недела) не беше „достапна“ на своите налози на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. Поточно, тие се избришани, пренесе „360 степени“.
KulavkovaВо саботата таа објави твит со потпалувачката содржина, кој добива квалификации на националистички и шовинистички.

Следеа бројни реакции на социјалните мрежи и критики дека таквите ставови не се во полза на никого, особено кога доаѓаат од интелектуалец, академик, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

„Цената на соживотот ја плаќаме со живот“, напиша Ќулавкова на Твитер
kjulavkova_protiv_sozhivot-696x341-1Многумина од граѓаните за овој твит протолкуваа дека се однесува на актуелната ситуација со коронавирусот, како дел од наративите во кои за ширењето на ковид-19 како виновници се посочуваат етничките заедници кои не се етнички Македонци, бидејќи со децении терминот „соживот“ кај нас означува живеење и толеранција меѓу две или повеќе етнички заедници.

Но, по жестоките реакции, таа го повлече твитот и напиша нов:

„Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација“, напиша професорката, но се чини дека не ги убеди нејзините виртуелни следбеници, бидејќи критиките продолжија.