Развојот на Битола продолжува со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, само така ќе продолжи напредокот на општината, и ќе имаме градоначалник ЗА граѓаните, Битола заслужува да оди напред и Битола заслужува да се модернизира и да се развива, порача денеска од Битола, Христо Кондовски е човекот со кој Битола ќе биде во сигурни раце и кој има капацитет да ја води европска Битола, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Николовски потенцираше дека овие локални избори се пресудни и историски,а од нивниот исход зависи дали државата го задржи европскиот тренд и напредокот или ќе се врати назад во времето на режим и во време изолација.

„СДСМ ги слуша и се коригира кога граѓаните ќе пратат некоја порака и работи единствено за потребите на граѓаните. Успесите не смее да запрат во наредниот период, а развојот мора да продолжи. А ќе продолжи само ако сме заедно и ако се обединиме обединети, ако сме сплотени и обединети со иста цел – за развој наместо за застој, за слобода и демократија наместо за режим, за проекти за граѓаните а не за криминални тендери и за жални врби. Затоа ве повикувам на 31-ви октомври да се обединиме и заеднички да излеземе на гласачките места и да пратиме порака дека нашата татковина останува на трасираниот пат модерен,европски пат“, рече Николовски.

Кандидатот за градоначалник, Кондовски изјави дека и во вториот круг продолжува позитивната кампања, но сега со уште поголема мотивација.

„Понудивме програма за економски развиена Битола, град по мерка на човекот, хумана заедница за сите генерации. Граѓаните тоа го бараат од нас и затоа гарантираме дека 100% ќе ја исполниме програмата. Преку 22 големи проекти од кои 10 се капитални, но и голем број месни проекти, ќе донесеме прогрес во секое населено место во Општина Битола. Поддршката од централната власт е дополнителна гаранција дека во Битола ќе се вложува. Тоа е гаранција дека Битола ќе оди напред.Затоа ги повикувам битолчани масовно да излезат на избори и да дадат поддршка токму за напредок на Битола“, рече Кондовски.

Генералниот секретар Николовски, посочи дека централната и локалната власт кога работат со здружени сили и имаат иста цел, го даваат најдобриот резултат. 50 милиони евра од буџетот во 2017 беа насочени кон општините за да се раздолжат и се обезбедија дополнителни 80 милиони за проекти на локално ниво, за водоводи, канализации и патишта. За 4 години се реализираа 7.000 проекти на локално ниво чиј износ е над половина милијарда евра.

„Имаме позитивни економски параметри и градиме економски напредна земја во која растат платите, пензиите, социјалната помош, се отвораат нови работни места за младите,невработеноста е на рекордно ниско ниво, младинската невработеност е на рекордно ниско ниво, ги имаме најголемите инвестиции од независноста до денес,коишто склучија договори и за коишто патот за инвестиции е веќе отворен. За 100 евра пораснаа просечната и минималната плата, имаме историски најниска стапка на невработеност од 15,9 отсто, 36 милиони евра се вратија назад кај граѓаните преку данокот на додадена вредност односно преку проектот Мој ДДВ. Исплативме 430 милиони евра повисоки,редовни и неселективни субвенции“, рече Николовски.

Верувам дека битолчани знаат да направат разлика и да го изберат Најдоброто. Да се обединиме и да гласаме да продолжи развојот на Битола, да гласаме за бројот 12, да го избереме Христо Кондовски, порача Николовски.