Владата донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година во износ од 15.000.000,00 денари на Црвен крст на Република Северна Македонија, како финансиска помош за делување при итни состојби.
Средствата, Црвениот крст на Република Северна Македонија може да ги искористи исклучиво за намената за која што се дадени.