Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 6 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 5. Битола 3, Крива Паланка 2, Берово 1, Кавадарци 7, Дојран 9 степени.