Против се членовите и симпатизерите на ВМРО. Таа категорија луѓе не е ни вредна за анализа.

Слушам на протестите викнал некој со микрофон: „Не ни требааааа ЕУ!!!“ И сите скандираат „Така еееее!!!“

Истата вечер некој друг викнал: „Да се разбереме, не сме ние против ЕУ!!!“ И пак сите скандираат „Така еееее!!!“

Ако им каже Мицко да се фрлат во Вардар, ќе се испотепаат кој прв да скокне.

За тие луѓе спас нема..Со нив „Дарвин“ нека се занимава.

Против се и „ЛЕВИЧАРИТЕ“. Тие луѓе не се глупи, но очигледно имаат проблем од друга природа. Тие луѓе уживаат во сочните пцовки од Апасиев, во неговите закани дека крв ќе се лее и дека ќе има бесење и во неговите фашистички изјави против Албанците и другите етнички заедници. Тие луѓе знаат дека Апасиев не е добро решение за Македонија, ама се многу среќни со неговото манијачко силеџиство.

Против ЕУ Предлогот се и „ЗАБОРАВЕНИТЕ“. Тоа се оние луѓе што биле дел од шарената револуција, но сега целиот гнев им е насочен кон СДСМ заради тоа што партијата ги заборавила. Не добиле функција, унапредување на работа, вработување… Или детето не му го вработиле.

Нивниот број не е мал. Тие се сериозен проблем. Помалку за партијата, многу повеќе за државата. Тие знаат дека со доаѓање на ВМРО на власт државата би отишла во амбис, ама WHO CARES??? Нив им е најбитно во СДСМ да сфатат дека згрешиле.

Против се и „СУЕТНИТЕ“… Биле на некаква позиција и не се веќе. Имале моќ, ја немаат веќе. И живи ќе се изедат заради тоа. Инаку, не се многу и не можат да (на)прават штета. Тоа па дополнително ги нервира.

Против се и „ОПОРТУНИСТИТЕ“. Луѓе што си имаат некоја внатрешна желба да се спротивставуваат. Тие луѓе најчесто се и антиваксери, анти-глобалисти, рамноземјаши итн… Тоа се сепак „фини дечки“ и јас верувам во нив!:)

Против ЕУ Предлогот се и „ЗАГРИЖЕНИТЕ“. Не е мал нивниот број. Во таа категорија се и многу мои ФБ пријатели. Тоа се умни луѓе коишто си ја сакаат државата, коишто во принцип не се против ЕУ, но се разочарани од неправдата што ѝ се случи на Македонија. Тие со право се гневни на ЕУ и гневни на Бугарија, но верувам дека на крај ќе сфатат дека борбата против неправдите сепак најефикасна ќе биде ако се води ВНАТРЕ. Низ преговори со ЕУ.

И конечно „ЕКСПЕРТУТКИТЕ“. Тие се креаторите на јавното мислење во Македонија коишто секојдневно ги гледаме по телевизиите. Во истата група од скоро се и неколку новинари коишто многу ги почитував, но коишто сега многу верувам дека се платени за да прават штета. Не е важно дали со руски, унгарски или ескимски пари. Се накотија ‘геровци’ и „латасовци“.

Тие се и „најзаслужни“ за големиот број „загрижени“. Тие се најголемото зло. Се надевам и верувам дека еден ден јавноста ќе ја дознае целата вистина за нив!

ФБ на Ацо Лукароски