Да отидеме и чекор понатаму.
Денес, кога сведочиме на хуманиот гест на семејството Диневи, кога сите ја оплакавме Емилија Динева, а држиме палци нејзиното срце да продолжи да чука во новите гради, бубрезите да продолжат да работат – да размислиме сите ние за ова.
Да ја донесеме одлуката сега, при чиста свест, да ги ослободиме нашите најмили што ќе останат зад нас од обврската да решаваат во тешки моменти.

Моите деца знаат веќе со години – не сакам погреби и гробови, што ќе ми се, што ќе им се?
Нека се трансплантира се’ што може да се трансплантира, другото нека оди за медицински истражувања.

Знам дека не се прави тоа со изјава на фб, затоа им имам кажано на моите блиски, и на некои другари кои се лекари.

Нека биде тоа наша одлука за нашето тело кога нас веќе ќе не’ нема, нека биде рационална и свесна одлука да се биде човек до крај.

И другпат сум пишувала на темава, имам пишувано и за крводарителство и за донирање матични клетки (за се’ сум регистрирана, регистрирајте се и вие), ама еве сега во моментов што е многу емотивен за сите, кога сфаќаме колку е животот скапоцен, а и колку сме ние среќни што живееме во оваа ера на медицината – да се надеваме дека ќе живееме долго, долго, долго и здраво, но и кога на тоа ќе дојде крај, да бидеме луѓе.

Јас во задгробен живот не верувам, атеистка сум. Ама во негробна или задгробна солидарност – веќе долго верувам.

ФБ статус на Јасна Шоптрајанова