Што сака да каже и да постигне овој премиер Заев? Кај не дозволува сите да испоцркаме од коронавирусот, па и од НАТО обезбедува помош, сега сака да испоцркаме од досада! Не оди така! Балканскиот регион не знае, ниту треба да знае за предвидлива, перспективна и опиплива иднина. Од искона до денес, сите ние си живееме во регион каде што никогаш не е досадно, туку е како во крвав крими-акционен филм.

Навистина скандалозно! Прво, оној генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг го покани македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел на заедничка прес конференција. Како можеше? И тоа, не како што е редот со балканските „вуцибатини“, не го седна на столче како учениче, туку двајцата стоеја пред светската јавност, еднакви, рамноправни. Скандал!

Потоа, замислете, Столтенберг му честита роденден на Заев пред целиот свет. Какво пречекорување на овластувањата! Ама не му е прв пат на Столтенберг да се однесува толку пријателски кон нашата земја. Пред пандемијата ние добро помниме и срдечни ракувања и прегратки меѓу него и нашиот премиер. Исто како со Меркел, Могерини и кој сé не. Страшно! Па уште твитови, па пофалби, па изрази на поддршка, па 60 респиратори како донација. Ужас! Вакво нешто не сме доживеале како држава. А и не е прв пат и не е само од Столтенберг.

Убаво си живеевме во изолација порано. Д-р Мугабе ни беше пријател, на пример. И Орбан. А тогашниот премиер чесно си плаќаше по сто и повеќе илјади долари за да се слика со некој државен функционер од Америка или Европа. Па така треба! Ако сакам да се сликам со некој важен лик во светот, ќе си платам. Македонските граѓанки и граѓани сакаат да си ја зачуваат изолацијата, Југославија во името и да си платат за сликањето на премиерот.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.