Честитки за Заев
Никој во историјата на Македонија не решавал покрупни проблеми во понеповолни околности.
Никој поелегантно не го совладувал внатрешниот отпор на инертната средина и нејзината чудна зависност од негациите и маките.
Со се подмолните политички концептуализации на разорниот противдржавен и противнационален мит во интерпретација на вмро-дпмне.
Со помалку апстиненцијални болки и трауми асоцирани со губитокот на традиционалните комплекси и фрустрации.
Никој така лефтерно и, јас би рекол, со шарм, не ги отворал пенџерата на заедничката куќа за влез на свеж воздух.
Не е рано да се направи посебен анекс во националниот пантеон оти ако влезе во сегашната експозиција може да направи р’шум.
Честитки за наградата за човекови права на Фондацијата “Фридрих Еберт”, господине Заев.
Јас знам дека и проблемот со Бугарија ќе се реши.
Затоа што од нерешавањето штетите се огромни, не се гледа ќарот за кого и да е, најмалку за Бугарија, а со решавањето се гледа голем ќар за сите.
Вие тие работи ги разбирате и знаете убаво да ги објасните.
Нох ајнмал: Честитки!

ФБ статус на Бранко Тричковски