Или зошто д-р Венко Филипче стана личност со најголема доверба во јавноста и кога соопштува добри и лоши вести

Новиот стил на комуникација со јавноста што го применува д-р Венко Филипче секој ден е пример на висока стручна, комуникациска, политичка и општа култура. Со владеење на проблематиката, со аргументацијата, со организаторските способности, со смиреноста, толеранцијата и сугестивноста во време на големата здравствена криза и силниот налет на пандемијата од корона вирусот, во вонредна состојба, соопштувајќи и лоши и добри вести, Филипче стана личност со најголема доверба во земјата.

Она што помалку се гледа, но силно се чуствува кај сите нас кои живееме во страв и неизвесност за своето здравје и егзистенција, е неговата стрплива и ненаметлива колективна терапија, со препознатливиот смирувачки глас без повишени тонови и ниту збор или гег на ароганција.

Филипче зборува разбирливо со голема внимателност тоа што го кажува да не се добие политички и партиски призвук, но и со етичност и толеранција да не се потценува секоја критика, незнаење, а во некои случаи и тенденциозност. Без самобендисност и вообичаена надменост на македонските политичари, Филипче одговара стрпливо на сите прашања и кога се повторуваат и на кои веќе одговорил без потценување на јавноста и на новинарите. Тој во медиумите веднаш, од првиот ден на пандемијата, препозна добри партнери во битката со вирсот. Во неговиот говор нема претензии за слава. Успехот го препишува на јавноста и на директните учесници од првата линија на фронтот во оваа нерамноправна војна со невидливиот непријател. Грешките и пропустите на други ги прифаќа и како свои. Дури кога очекуваме да биде лут и категоричен за непочитување на апелите и законските одредби тоа го прави со смирен тон и замолница за разбирање укажувајќи на последиците.

Целата кoлумна на Ерол Ризаов за Независен на следниот ЛИНК.