Во ситуација на глобална пандемија од Ковид-19 сите сме изложени на голем предизвик и загриженост. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Давање на отказ на вработени не е решение, особено во овој тежок период со кој сме соочени.
ДППТУ ОЛИ – ТРАВЕЛ ДООЕЛ, донесе одлука дека во периодот што следи НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ! Заедно делевме напредок и успех, да успееме и овој пат сите заедно да ја надминеме оваа кризна ситуација.
Како општествено одговорна компанија уште од самиот почеток, ги презедовме сите можни мерки за заштита на здравјето на вработените и граѓаните кои го користат јавниот превоз. Потсетуваме дека од првичните мерки за ограничување за движење на територија на Општина Куманово беше делумно, а потоа и целосно укинување на јавниот градски превоз.
Јавното здравје е заедничка одговорност!
ОЛИ – ТРАВЕЛ ДООЕЛ