Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец,

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Во следните два дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник.