„Под влијание на влажен бран, од утре до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради продор на студен воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои од пониските места. Од понеделник до среда ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет“, соопшти УХМР.