Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 4. место од вкупно 71 институција од јавниот сектор за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, нотира годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција.
Преку примена на систем за интегритет МЗШВ го регулира заштита на јавниот интерес и спречувањето на судирот на интереси, етичкото постапување, управувањето со човечките ресурси врз основа на систем на заслуги и квалификации, потоа наменско, рационално и ефикасно управување со јавните ресурси, транспарентноста и пристапот до информации од јавен карактер, управувањето со квалитетот како и овозможувањето на заштитено пријавување од укажувачи.
Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните, велат од ресорното министерство.

420193098_956035635890273_2236054988278792914_n