Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на фамилијата Давитковски, од Лозово.

1

– Стојан заедно со неговиот син се занимаваат со лозарство и се успешни ИПАРД корисници, добитници на трактор.
Европската унија е единствената шанса за Македонија. Тоа го гледаме преку многуте успешни ИПАРД приказни. Веќе е распишан повикот за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата, со која на располагање ставаме 14 милиони евра, порача Николовски.

2
-Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на нај напредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од ИПАРД програмата, вели министерот Николовски.

4