На 21.09.2023 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(66) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.