Од кај да знае носителот на ИЕ 4 каде е Конче, па четири пати во една иста реченица ги известува граѓаните дека бил во Конче, околу Конче, во близина на Конче и во околината на Конче. Па какво откритие!

Според објавите на социјалните мрежи, Николоски немал време да се посвети на населените места во изборната единица 4, бидејќи се занимавал со сопствената дивоградба на 2000 м2 во населбата Свети Стефан во Охрид?!

Доколку е ова вистина, тогаш конечно ни се разјаснува зошто Николоски не е носител на ИЕ 5?! Веројатно таму ќе треба да вети дека ќе се бори против дивоградбите – најгорливиот проблем со кој се соочува Охрид периодов, а тоа би задирало во неговите лични интереси, кои секогаш се пред интересите на граѓаните?!