Џафери се прави наивен, па ни вели, “да постигнеле компромис за датум партиите, па тогаш ќе распишел избори”, а го нема ниту претседателот на Државната комисија Дерковски… Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ спремаат повторно некое страшно глупаво сценарио.

Од друга страна, гласот на разумот персонифициран во министерката Рената Дескоска, ако добро исчитувам, ни вели, “Уставниот суд прецизно се изјаснил: непречено спроведување на предвремени избори за пратеници по престанок на вонредната состојба, поради што има свое оправдување кое нема основ уставно-правно да се проблематизира”.

Значи сепак, изборите на 5-ти јули. И ДИК ќе се врати на свое место, и МВР веќе ги подготвува избирачките списоци, така што, драги пријатели, нема да биде ништо особено драматично. Само некои “опозициони” политички кариери со предзнак на “одвратни”, ќе завршат. Тоа е се’.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ