Суетата е опасна работа дури и за политичарки и политичари во обид.

Пред Велигденските денови вообичаено се денови на возвишување на хуманоста, вредностите, прочистување на телото но и душата.

Изненаден сум од фрустрацијата на одредени политичарки и политичари во обид, за кои мислев до скоро дека се за нијанса поразлични од партиската плукачка матрица.

Во време на криза кога сите на некаков начин се обидуваме да помогнеме на најранливите, тие наоѓаат начин како и таа помош да ја оцрнат, како да изманипулираат, а само да му се допаднат на недопадливиот лидер.

Како волонтер, како одговорен политичар, совесен граѓанин и искрен верник, нема да именувам, но ќе повикам.

Вклучете се сите и помогнете, ослободете се од товарот, кој донира и зошто донира, или пак уште подобро, ајде заедно да донираме!

За волја на вистината некои души и 3 поста не ги перат, но за тоа си знаете многу добро самите и секако Бог!

Да сте ми живи и здрави и олабавете со плукањето, ако не сакате да помогнете, немојте да одмагате, посветете се на фамилијата, така ќе направите значително подобро дело од тоа што сега го форсирате.

ФБ статус на Костадин Костадинов