Колку време ни треба да се вратиме на нормалното наше незадоволство да си бидеме и натаму меѓу најнесреќните народи на Европа, во очекување и надеж за убавата иднина. Има ли респираторни машини за тоа?

Само до пред еден месец мислевме дека сме на патот кон иднината. Сега очајно мечтаеме да се вратиме кај што бевме. Не ни беше толку лошо иако не бевме задоволни, што е многу човечки. Секогаш има од бетер побетер.

Пред неколку дена ми стаса од Куманово една порака за правилно степенување на трагедијата од коронавирусот: лошо, полошо…. го однесоа во Скопје. Знае ли некој колку време ни треба да се вратиме на нормалното наше незадоволство да си бидеме и натаму меѓу најнесреќните народи на Европа, во очекување и надеж за убавата иднина. Има ли респираторни машини за тоа?

На почетокот на пандемијата пишував ајде да се пазиме, па пак да се мразиме. Тажниот резултат е што сега повеќе се мразиме отколку што се пазиме и кога сме во изолација и живееме во страв и неизвесност. Несреќата овојпат не нѐ зближи како што е тоа вообичаено кога се големи страдањата. Можеби затоа што нас не нѐ зближува ни среќата, или не можеме да ја препознаеме. Каква е тоа проклетија и анатема врз оваа кутра земја. Како да се вратиме во блиското минато кај што ја чекавме нестрпливо иднината.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниот ЛИНК.