ПАРАЛЕЛНА ВИСТИНА
(Уствари е лага)
Ете денеска исплива на површина целата вистина, баш таа која упорно ја тврдам над тринаесет години.
Искочи Мицковски и кажа…
-Тоа не е вистинската вистина за нас
Мислејки на позитивниот вонреден извештај на Европската Комисија.
Епа Мици вака другарче.
Ние вашата вистина си ја видовме бе другарче единаесет години.
Додека им градевте монументални споменици со огромни над нормални димензии на народот, за да се гордее нели патем и мал да се почуствува само патем случајно им ги празневте џебовите нели полн џеб и гордост не идат заедно.
Дури го закочувавте секој интегративен процес преименувајки се и сешто и замерувајки се со секого делевте со Жутите провизии длабоко во ноќта.
И од тоа..
-Немој Миле да мислиш дека сакам да те заглавам
Исходот го видовме “гепек ага” во Будимпешта а Миле доби надимак Робија.
И ти Мици велиш дека твојата вистина е вистинска нели?
Германија, Франција Холандија итн
Врска немаат така?
Аман Мице мани ме од таа и таква вистина.
Патем да ти кажам ти друже Германец не лажеш, нити Француз нит па Холанџанец умре тоа време Мице.
Ете другарчето Ердо прашај си го кој беснее за 6 милијарди евра што не му ги дале нему туку оделе директно кон хуманитарците кои се грижат за емигрантите.
Умре таа ЕУ Мицеее!!!
Видоа со кого имаат работа.
Внатре се гледаат слушаат посматраат и што е најважно анкетираат граѓани.
Е мој Мици е мој непливачу.
Туку јас тебе да те прашам нешто вака меѓу нас а ти после опитај го “гепек ага”
Прашај го вака…
Шефе вистина ли во војна морнарица примале повеќе непливачи од пливачи наводно непливачите подолго го бранеле бродот.
Така другарче да го прашаш а и да се запрашаш потоа зошто баш тебе те одбрал.
Нај убав беше?
Нај способен?
Ех бре Мице ех неможеш на државниот успех да се порадуваш.
Вистинската вистина ја барал.
Штркот барај го да го извади со клунот црвот….
Туку ти твојата вистина не ја шиткаш брат више да си знаеш.
Пријатно попладне ваш Ерко…

ФБ статус на Ерол Ерко