Ќе беше убаво и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да направеа предизборна коалиција со некоја партија од другите етнички заедници и да бараа глас и поддршка од сите граѓани на Македонија, а не само од припадниците на својот „етнички блок“
Во 2001 година Македонија беше на работ од своето распаѓање по етничките линии. Конфликтот меѓу Македонците и Албанците ја достигна својата највисока точка во историјата и се покажа дека единствен излез од таквата состојба е да се потпише Охридскиот рамковен договр и да се промени Уставот, со кој реално Македонија се претвори во еден вид етничка федерација на Македонците и на Албанците.
Во Рамковниот договор и во Уставот се внесе одредбата дека „нема територијални решенија за етничките прашања“, односно дека се гарантира унитарниот карактер на земјта, но реално со сите други одредби им се гарантираше на Македонците и на Албанците еднаква, односно пропорционална застапеност во институциите на власта и механизам со кој мнозинската заедница (Македонците) не може да ја надгласува немнозинската етничка заедница (Албанците) за прашања од нејзиниот национален и културен идентитет.
Откако на изборите во 2002 година огромното мнозинство Албанци гласаа за ДУИ на Али Ахмети, таа партија си го присвои монополот за политичко претставување на Албанците во власта и своте приврзаници ги призна за единствените „вистински Албанци“ во Македонија. Рака на срце, и партитите од македонскиот блок, СДСМ и ВМРО, кога формираа влада го присвојуваа монополот за претставување на Македонците и само од редот на нивните приврзаници се пополнуваа места во институциите на власта во јавната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, па и во сите буџетски институции од образованието во здравството. Затоа, долго се сметаше дека само владина колиција на „победник на изборите во македонскит блок“ и „победник на изборите албанскиот изборен блок“ може да и гарантира политичка стабиност на земјата и дека само такава коалиција ги изразува суштествените придобивки за Албанците од постигнатиот Охридски рамковен договор и од промената на Уставот.
Оваа политика долго им одговараше на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, бидејќи тие како единствени претставници на „вистинските Албанци“, односно на „вистинските Македонци“ се претставуваа како единствени изразувачи на „автентичната волја на Албанците и Македонците“ и го имаа монополот во власта за нивно претставување и за „заштита на нивните интереси“.
Сите се сеќаваме дека овие две партии пред секои парламентарни избори смислуваа по некој договорен и политички инструментализиран меѓуетнички инцидент (како битка за црква на Калето, поставување крст во Бутел, тепачки на млади Албанци и Македонци по автобуси, па битка за консуензуелен кандидат за претседател на државата и слично), со кој обезбедуваа повисок степен на етничка мобилизација на гласачкото тело на едните против другите. Но по секои избори не беше проблем да се договори состав на влада во која секоја од страните си го задржуваше монополот на претставувањето на својата етничка заедница.
Со помош на монополот за претствување на Албанците во власта, Али Ахмети од 2002 година до денес успеваше 25 проценти од Албанците што се вработуваа во институциите на власта и во јавната администрација, но и во сите буџетски установи, да бидат од редот на приврзаниците на неговата партија и со тоа да им покаже на Албанците дека без негова поддршка тие немаат шанса за успех во едно вакво „етнички федерализирано и партизирано општетсво“. Тој, секако, им дозволуваше на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ да именуваат некој Албанец и без негова согласност, но тоа во поделбата на власта мораше да биде надвор од за него загарантираната квота. Монополот на ДУИ во претставувањето на албанската политичка волја од 2002 година до денес ниту една од другите политички партии на Албанците не успеа сериозно да го доведе во прашање, па ДУИ која 18 години располагаше со монопоот за вработувања на Албанците, доделувањето бизниси, влијание врз судството и обезбедувањето неказнивост, израсна во моќна и речиси непроменлива партија на власт за Албанците.
Целата колумна на Ѓорѓи Спасов за “Независен” на следниов ЛИНК