Милилитар телесна течност кај заразениот содржи сто милиони вируси. Бегајте од луѓето како што газелата бега од гепардот. Ако ви се искија у фаца-готов сте. Ако допрете нешто со корона-имате шанси. Слушајте што ви викаат од Штабот и од владата. Не слушајте партиски ловци на глави. Кои ќе ги препознаете по радоста која им расте заедно со бројот на заразените и умрените. И по безобразноста да ги заебаваат луѓето на кои им се падна да гинат во борбара за нашиот спас. Вирусите од нив имаат моќ да ги пробиваат телевизиските екрани и да влегуваат во домовите и во вашите бели дробови. Тоа се лешинари на епидемијата. Мораме да и веруваме на власта. Немаме друга алтернатива. И да и помагаме тековно да ги адаптира и иновира мерките во согласност со страшните предизвици. Не верувајте на никој што тврди дека ова би била песма лета само кога тие би решавале или би се слушале. И на крајот: Не се бричете, затоа што короната се плаши од влакна. Хахаха! Ова е за Први април.
(На сликата “Снежна идила” на Тричковски: Самоизолиран егземплар по еден месец дистанца од светот и векот)
ФБ статус на Бранко Тричковски