Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски објави нова убава вест на граѓаните од североистокот.
На денешната Владина седница се одобрени 44,6 милиони денари за Крива Паланка и Ранковце кои се распоредени за проекти кои ќе се реализираат преку Бирото за рамномерен регионален развој.
“Вложуваме во капиталните промени на североистокот. Проект по проект ги реализираме инвестициите кои се од стратешка важност за развој на овој регион.
Со храбри чекори работиме на подобрување на инфраструктурата и подобрување на животот, привлекување на инвеститори и развој на урбаните, руралните средини и туризмот.
За подобар живот на граѓаните од овој крај, на денешната Владина седница беа одобрени 44,6 милиони денари за Крива Паланка и Ранковце кои се распоредени за проекти кои ќе се реализираат преку Бирото за рамномерен регионален развој:
12 милиони денари за изградба на пат во село Мождивњак преку проектот за подобрување на патна инфраструктура за подобар пристап до туристичките локалитети и реконструкција на објекти со туристичка намена во Североисточниот плански регион
16,6 милиони денари за Изградба и регулација на минор коритото на Крива Река – дел 4
10 милиони денари за Изградба на локален пат Крива Паланка – село Варовиште – село Кошари – село Б’с
6 милиони денари за Подобрена пристапна патна инфраструктура во селата во Општина Ранковце за:
Реконструкција на локален пат с.Ранковце – Црква Св. Богородица
Реконструкција на локален пат с.Гиновце
Реконструкција на локален пат с.Ветуница” – напиша на Фејсбук, министерот Николовски.