Поглед од „горе“….. на Коридор 8
Изградба на експресен пат А2, делница Крива Паланка–Длабочица во должина од 9км и ширина од 11,40 м. Вредноста на подделницата е 30,5 милиони евра.
Таа е дел од изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој е поделен на две подделници: Длабочица–Чатал и Крива Паланка-Длабочица. Вкупната должина на експресниот пат е 23км, а вкупна издвоена вредност 58,5 милиони евра.

Споделувајки го ова видео, вицепремиерот Љупчо Николовски, напиша:

“Една поинаква перспектива на градежните работи кои се одвиваат на под-делниците Длабочица – Чатал и Крива Паланка-Длабочица. Горд на меѓуинституционалната соработка и среќен за развојот на мојот регион, будно го следам прогресот на активностите. Да продолжиме заедно за да е подобро дома.”-додава Николовски.