Старото, добро, режимско ВМРО-МВРО повторно ни влегува по дома и тоа на мала врата, уште недојдени на власт.

Еве мала тест проба како би се однесувало утре “новото” ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт.

Новинарот Фуркан Салиу уапсен на фудбалски натпревар, со спектакли, камери, чета специјалци.

И се’ ќе беше разбирливо доколку Салиу беше некоја опасна, барана ѕверка, а не новинар.
И се’ ќе беше разбирливо доколку не се демонстрираше сила за да се втера страв во коски на секој што ќе се обиде да им се спротивстави.

И се’ ќе беше разбирливо, ако Салиу некој ден претходно не им ја откри аферата на ВРМО-ДПМНЕ за лажните анкети.

Волкот ни е пред врата и чека да влезе, на нас останува да му ја затвориме вратата!

Волкот влакно менува, ама нарав никогаш!